shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички договори шест пријателски натпревари во текот на подготовките

Тимот на Работнички ја одработува првата фаза од подготовките под раководство на шефот на стручниот штаб Александар Влахо, денеска и утре комплетниот погон ќе ги мине деталните лекарски прегледи, а закажани се и шест пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за пролетниот дел од првенството во Првата лига.

Работнички првиот тест ќе го има на 20.јануари против Борец, а три дена подоцна ќе спарингува со второлигашот Тетекс. На 26. јануари тимот ќе замине на подготовки во Охрид, а ден подоцна е закажан тестот со Ренова. На 30.јануари Работнички ќе одигра пријателски натпревар против Струга Трим Лум, на 3. фавруари ривал ќе биде Пелистер, а последната контрола пред стартот на пролетниот дел од шампионатот ќе биде на 6.февруари, против тимот на Тиквеш.

Работнички досега во зимскиот преоден рок доведе шест засилувања кои одлично се вклопуваат во новата средина.