shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Сеќавање: Васил Чочков (1941 – 2020)

Пред неколку дена не напушти Васил Чочков, истакнат член на неколку фудбалски генерации на Работнички, одличен голман, пријател, другар. Тој кариерата ја мина во два клуба, ФК Работнички и ФК Вардар.

Кон крајот на педесеттите и шеесеттите години од минатиот век беше еден од незаменливите на голманската позиција, со Работнички стана првак на Македонија, со тимот славеше и враќање во Втората лига, а беше дел и од младинската репрезентација.

Васил Чочков е роден во 1941 година, младинските категории ги мина во Работнички, успешно се промовираше и во сениорскиот состав, а потоа се пресели во ФК Вардар.

На крајот од кариерата, повторно се врати во ФК Работнички, во 1972 година се реактивираше и застана на голот на клубот од Дебар Маало.

Фудбалскиот колектив на Работнички вечно ќе се сеќава на неговиот лик и дело.