shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми без голови против Вардар

Работнички го оствари деветтото реми во новата сезона од Првата фудбалска лига играјќи без голови на градската пресметка со Вардар на арената „Тодор Проески“. Мечот иако немаше голови, сепак, донесе возбудливи моменти и неколку шанси.

Јевтоски имаше обид да го загрози Филип Илиќ во воведниот дел од мечот, но голманот на Вардар беше сигурен, а на спротивната страна се закани Матеј Цветаноски.

На стартот на вториот дел, Лука Станковски за малку не ја зафати топката со глава по центаршутот од левата страна, а Цветаноски имаше нов неуспешен обид да го изненади Јанков.

Филип Петковски во 80.минута шутираше со глава, но за малку крај голот, а Драган Стојков шутираше силно од 20 метри, но директно во добро поставениот Илиќ. На крајот, без голови и поделба на бодовите во градското дерби.

Работнички в среда, во 16.коло на домашен терен ја пречекува Ренова.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0-0
Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Марјан Маркоски (Охрид). Ж. картони: Петровиќ, Најденов (Вардар), Тодоровски, Јевтоски (Работнички).

ВАРДАР: Илиќ, Стојчевски (71’ Најденов), Ѓурковски, Велкоски, Лазаревиќ (71’ Мирчевски), Петровиќ, Крстевски, Мартинага, Попзлатанов, Цветаноски (86’ Блажевски), Петковски.

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Силјановски, Ѓорѓевиќ, Трајковиќ, Зука (60’ Стојкоски), Пецов, Стојков (86’ Максимов), Јевтоски (74’ Тошески), Станковски, Тодоровски (61’ Петковски), Ѓурѓевиќ.