shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

ФК Работнички го одбележува 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Фудбалскиот клуб Работнички го одбележува 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Како клуб со изразена социјална одговорност, ФК Работнички се приклучува кон иницијативата „Сончогледи под сонцето” покрената од здружението Рилука од Битола и Хуманитарната организација Свети Спас.

По тој повод, на дерби натпреварот против ФК Вардар в недела, фудбалерите на нашиот клуб ќе истрчаат на теренот со посебно дизајнирани маички, со порака за поддршка на лицата со посебни потреби.

„Да ја препознаеме сончогледовата лента, да ги забележиме лицата со невидлива попреченост и да ѝ дадеме предност на сончогледовата лента“