shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Крумислав Ѓоргиев ќе го суди мечот Работнички – Пелистер в среда

Работнички в среда на арената „Тодор Проески“ (13 часот) ќе го пречека тимот на Пелистер во натпревар од 14.коло во Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој меч.

Главен судија на натпреварот ќе биде Крумислав Ѓоргиев од Штип, а ќе му помагаат Никола Караколев и Зоран Саздовски. Четврти судија е Ндерим Тефику од Куманово.

За делегат на натпреварот е одреден Сулејман Ибиши од Тетово, а контролор на судењето ќе биде Горан Манасиев од Велес.