shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Куп: Работнички на пенали елиминиран од Струга Трим Лум

Работнички доживеа несреќна елиминација во осминафиналето на Купот на Македонија. Откако регуларниот тек од мечот против Струга Трим Лум заврши без голови, домашниот тим беше поуспешен при изведување пенали и победи со 4-3. Јанков успеа да одбрани пенал, Работнички поведе и со 0-2 во серијата, но потоа на сцена стапи Урош Ѓуриќ, голманот на Струга Трим Лум кој успеа да го извече тимот и да обезбеди пласман понатаму за стружани.

Во регуларниот тек од мечот се водеше голема битка, Работнички имаше неколку шанси, најдобрата од слободен удар, но Ѓуриќ не дозволи да биде изненаден.