shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Несреќен пораз од Силекс во судиското продолжение

Работнички доживеа пораз на гостувањето во Кратово. Домаќинот дојде до победа во судиското продолжение откако Бурхан Мустафов постигна победнички гол за триумф од 4-3. Но, со овој погодок треба да се занимава Натпреварувачката и Судиската комисија на ФФМ затоа што е нерегуларен, топката излезе во гол-аут и беше вратена во игра, а Бурхан Мустафов постигна гол. Претходно, Работнички трипати се враќаше од негатива на овој меч.

Првата сериозна шанса се случи во 26. минута кога Карчески центрираше, топката доби непријатен лет и заврши во гредата. Три минути подоцна беше досуден сомнителен пенал за Силекс, а во водство го претвори Иван Ивановски.

Вториот дел донесе уште шест гола. Во 50.минута, Денис Ристов зголеми на 2-0 за Силекс. Но, само три минути подоцна Лука Станковски со одличен удар со глава го совлада Даниел Божиновски и намали на 2-1. Работнички тргна по израмнување, тренерот Ратко Достаниќ внесе неколку офанзивни фудбалери на теренот, а Лука Чумиќ во 74.минута израмни на 2-2.

Во 78.минута судијата Васко Мавров досуди нов пенал за Силекс, по стартот на Шаркоски во шеснаесетникот. Иван Ивановски уште еднаш беше успешен реализатор за ново водство на домаќинот. Сепак, Работнички не се предаде, нападна, а беше досуден пенал и за нашиот тим откако Гроздановски играше со рака во казнениот простор. Стефан Јевтоски во 83.минута израмни на 3-3.

Длабоко во судиското продолжение, пред самиот крај, Бурхан Мустафов по една мешаница успеа да постигне победнички погодок за Силекс за конечни 4-3. Но, топката претходно беше излезена во гол-аут.

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 4-3 (1-0)

Стадион ан ФК Силекс во Кратово. Судија: Васко Мавров. Стрелци: Ивановски 29’ пен., 78’ пен., Ристов 50’, Мустафов 94’ (Силекс), Станковски 53’, Чумиќ 74’, Јевтовски 83’ пен. (Работнички). Ж. картони: Мустафов, Ѓуриќ, Тантуровски, Карчески (Силекс), Ѓорѓевиќ, Тошески, Тодоровски, Шаркоски, Јанков (Работнички).

СИЛЕКС: Божиновски, Тимовски, Грозданоски, Драшковиќ, Карчески (79’ Костовски), Нешовски (67’ Жеравица), Мустафов, Ристов, Ивановски, Тантуровски (74’ Додевски), Ѓуриќ.

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Тошески, Трајковиќ, Ѓорѓевиќ, Зука (50’ Петковски), Пецов, Јевтовски, Тодоровски, Станковски (62’ Муарем – Чумиќ 69’), Шаркоски, Ѓурѓевиќ.