shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Васко Мавров ќе го суди мечот Силекс – Работнички в недела

Работнички в недела ќе гостува во Кратово и ќе ги одмери силите со Силекс во рамките на деветтото коло од Првата фудбалска лига. Натпреварот е закажан за 14, 30 часот, а одредени се и официјалните лица.

Главен судија на мечот ќе биде Васко Мавров од Струмица, а ќе му помагаат Стојан Костадинов (Струмица) и Тоше Ицев (Кавадарци). Четврти судија ќе биде Стојанче Трпчевски (Кавадарци).

За делегат на натпреварот е одреден Адмир Зеќировиќ (Скопје), а контролор на судењето ќе биде Душко Милошески (Скопје).