shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми без голови против Академија Пандев

Работнички третпат во низа ремизираше во шампионатот, а двапати по ред без да постигне погодок. Денешниот меч против Академија Пандев на стадионот „Борис Трајковски“ заврши без голови, а во финишот нашиот тим остана без капитенот Горан Силјановски кој беше исклучен поради два жолати картони.

Одбраната е цврста, но нападот не може да го пронајде патот на топката до противничката мрежа. Во 13.минута се обиде Муарем Муарем со полуволеј по корнерот од десната страна, но не беше прецизен.

Во 31.минута, Муарем асистираше, но Ѓурѓевиќ не ја зафати најдобро топката во шеснаесетникот. Возвратија Марјан Радески и Сашко Пандев, но Јанков беше на висина на задачата.

На крајот, поделба на бодовите и шесто место за Работнички по осум одиграни кола, со 11 освоени бода.

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0

Стадион „Борис Трајковски“ во Маџари. Судија: Боби Величков. Жолти картони: Муарем, Силјановски, Јевтоски (Работнички), Велиновски, Радески (А. Пандев). Црвен картон: Силјановски (Работнички).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Силјановски, Ѓорѓевиќ, Трајковиќ, Зука, Пецов, Јевтоски (60’ Станковски), Муарем (60’ Тошески), Тодоровски (67’ Шаркоски), Петковски (81’ Максимов), Ѓурѓевиќ (67’ Чумиќ).

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Алчевски, Илиев, Серафимов, Маслаќ, Томиќ (66’ Јованов), Димоски, Велиновски (83’ Крстевски), Томовски, Радески, С. Пандев (52’ Крстовски), Маркоски.