shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Струга Трим Лум, осминафинален ривал на Работнички во Купот

Работнички ќе гостува во Струга и ќе ги одмери силите со Струга Трим Лум во осминафиналето на Купот на Македонија. Вака одлучи денешниот ждреб во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Натпреварите се закажани за 21 октомври 2020 година. Во останатите дуели се среќаваат: Академија Пандев – Вардар, Македонија ЃП – Каменица Саса, Шкендија – Гостивар, Шкупи – Кит Го, Кожуф – Силекс, Брегалница – Беласица, Ренова – Пелистер.