shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Димитар Мечкаровски ќе го суди мечот Пелистер – Работнички

Работнички в недела ќе гостува во Битола и ќе ги одмери силите со Пелистер во рамките на третото коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија ќе биде Димитар Мечкаровски, а ќе му помагаат Даниел Василевски и Мервин Топојани (сите од Скопје). Четврти судија ќе биде Ирена Велевачковска (Прилеп).

Делегат на натпреварот ќе биде Сашо Крстев (Неготино), а за контролор на судењето е одреден Благој Шуклев (Неготино).