shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Соопштение за медиумите – Акредитирање за мечот против Беласица

Согласно утврдениот ПРОТОКОЛ за спроведување на мерки за заштита од „Ковид-19“ за претстојната фудбалска сезона 2020/21, ФК Работнички испраќа

СООПШТЕНИЕ до медиумите

Според наведениот протокол, присуството на новинари и фоторепортери на фудбалските натпревари во новата сезона мора да биде сведено на минимум. Клубот домаќин е одговорен за акредитирање на претставниците на медиумите, а бројот на лица треба да се сведе на минимум и нe смее да го надминува наведениот број од вкупно 6 (шест) новинари и 2 (двајца) фотографи.

Во пресрет на првенствениот натпревар против Беласица од второто коло во ПМФЛ, ФК Работнички ги информира претставниците на медиумите да се акредитираат до 13.08.2020 (четврток) во 12 часот на мејлот contact@fkrabotnicki.com.

Ви благодариме однапред на разбирањето, се во насока на максимална здравствена заштита во време на пандемијата на коронавирусот – Ковид 19.

Со почит,
ФК Работнички