shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ – АКРЕДИТИРАЊЕ ЗА СЕЗОНАТА 2020/21

Согласно утврдениот ПРОТОКОЛ за спроведување на мерки за заштита од „Ковид-19“ за престојната фудбалска сезона 2020/21, ФК Работнички испраќа

СООПШТЕНИЕ до медиумите

Според наведениот протокол, присуството на новинари и фотографи на фудбалските натпревари во новата сезона мора да биде сведено на минимум. Клубот домаќин е одговорен за акредитирање на претставниците на медиумите, а бројот на лица треба да се сведе на минимум и нe смее да го надминува наведениот број од вкупно 6 (шест) новинари и 2 (двајца) фотографи.

Поради тоа ФК Работнички сака да ги информира претставниците на медиумите дека пред натпреварите ќе биде реализирано акредитирање при што предност ќе имаат спортските медиуми кои изминативе години максимално ги следеа комплетните активности на ФК Работнички.

Ви благодариме однапред на разбирањето, се во насока на максимална здравствена заштита во време на пандемијата на коронавирусот – Ковид 19.

Со почит,

ФК Работнички