shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Лука Станковски за победа на тестот против Борец

Фудбалерите на Работнички триумфираа против Борец со 1-0 (0-0) на пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Составот на Ратко Достаниќ одигра квалитетен натпревар, доминирајќи во второто полувреме во кое беше постигнат и единствениот погодок за триумф.

Победата ја донесе фудбалерот од средниот ред, 17-годишниот Лука Станковски со прекрасен погодок во 65. минута од натпреварот.