shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз од Шкендија на вториот тест во Охрид (ФОТО)

Фудбалерите на Работнички загубија од Шкендија со 0-2 (0-0) на вториот тест натпревар за време на подготовките во Охрид.

Во израмнет натпревар на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“, во кој нашиот тим имаше неколку одлични можности да дојде до погодок уште во првото полувреме, Шкендија сепак до предност од 0-1 дојде во 56. минута со погодокот на Ваљон Ахмеди.

Во 68. минута и Бесарт Ибраими погоди за противникот за конечни 0-2, искористувајќи ги на тој начин единствените две можности во вторите 45 минути.

Утре со почеток од 16 часот на стадионот на „Билјанини извори“ во Охрид, избраниците на Ратко Достаниќ ќе играат со второлигашот Охрид.