shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Првиот тест со Македонија ЃП, проверки и со Пелистер, Шкендија, Тиквеш…

Работнички го подготви планот за пријателски натпревари во текот на летните подготовки. В сабота, ден пред заминување на седумдневни подготовки во Охрид, тимот на Ратко Достаниќ ќе го има првиот тест против Македонија ЃП во Ѓорче Петров. В недела експедицијата се сели на охридското крајбрежје, каде за 18 јули е закажан пријателски меч со Пелистер.

Третата проверка на формата ќе биде на 24 јули против Шкендија во Тетово, а ден подоцна Работнички ќе тестира против второлигашот Тиквеш. Генералната проба пред стартот на новиот шампионат во Првата лига е планирана за 1 август, а противникот ќе биде објавен дополнително.