shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ристе Јанков уште две години во Работнички

Младинскиот репрезентативец Ристе Јанков и во наредните две сезони ќе го носи дресот на Работнички. Голманот на младиот национален тим до 21 година го продолжи договорот со клубот до јуни 2022 година.

Јанков е дете на Работнички, ги мина младинските категории, а веќе трета сезона е дел од сениорскиот погон и светла иднина на клубот.

Претходно, договорите со Работнички ги обновија шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ, како и фудбалерите Драган Стојков и Христијан Пецов. Ново засилување е Муарем Муарем.