shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Голем триумф (0-1) над Шкендија во Тетово

Работнички оствари важен триумф (0-1) на гости против актуелниот шампион Шкендија во Тетово и ја продолжи одличната пролетна серија. По доаѓањето на Ратко Достаниќ, Работнички има низа од четири победи и едно реми и се искачи на осмата позиција на табелата со 28 бода.

Одличната тактика да се чека грешка на противникот донесе резултат во Тетово. Мерџани прв се закани, но без ефект, а Петар Петковски најави дека Работнички е дојден по изненадување на дуелот со Шкендија.

Марјан Радески во 31.минута беше во шанса, но Шишковски одлично реагираше и со брза реакција ја спаси опасноста со излет надвор од шеснаесетникот.

Бо 54.минута, Работнички дојде во водство. Себастијан Херера изведе корнер од десната страна, голманот Захов лошо интервенираше, ја испушти топката кон голот, а потврдата дојде од Давид Тошевски за 0-1.

Бесарт Ибраими се обиде да возврати, но беше блокиран, а во 84.минута Јан Кривак заработи втор жолт картон и беше исклучен. На самиот крај поцрвене и Зија Мерџани, а бодовите му припаднаа на Работнички.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 0-1 (0-0)

Градски стадион во Тетово. Судија: Васко Мавров (Струмица). Стрелец: Давид Тошевски 54’ (Работнички). Ж. картони: Мерџани, Садриу, Кривак, Тотре (Шкендија), Силјановски, Тошевски (Работнички). Црвен картон: Кривак, Мерџани (Шкендија).

ШКЕНДИЈА: Захов, Кривак, Незири, Мерџани, Садриу, Зејнулаи, Тотре, Ахмеди (76’ А. Ибраими), Радески, Имери (62’ Фазли), Б. Ибраими (76’ Нафиу).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Велковски, Ѓорѓевиќ, Пецов, Аломеровиќ, Јевтоски, Херера, Петковски, Крстовски, Тошевски.