shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Васко Мавров ќе го суди куп-мечот Работнички – Шкендија

Работнички в среда, со почеток во 14 часот, на арената „Тодор Проески“ ќе го одигра реванш натпреварот од четвртфиналето на Купот на Македонија против составот на Шкендија. Одредени се официјалните лица за овој меч кој поради препораката од Владата и од ФФМ ќе се игра без присуство на гледачи.

Главен судија ќе биде Васко Мавров од Струмица, а ќе му помагаат Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски. Четврти судија е Ристе Сејменов.

За делегат на натпреварот е одреден Арбен Борова (Струга), а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.