shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Достаниќ прозиваше: Ветувам напорна работа за поуспешен Работнички

Работнички денеска ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната, се со цел новиот тренер Ратко Достаниќ што подобро да се запознае со фудбалерите, во обид да го подготви тимот за напорната борба за опстанок во пролетниот шампионат. Српскиот стратег самиот инсистираше првата прозивка да ја има пред новогодишните празници, за да може да ги види на дело играчите кои ги има на располагање, за потоа да донесе и вистинска одлука околу позициите на кои ќе се доведат засилувања во текот на зимата.

„Почнуваме со напорна работа од самиот почеток, знаеме во каква ситуација е Работнички на табелата и потребни ни се шест седмици сериозна работа за да го подготвиме тимот за вториот дел од сезоната во која не очекуваат големи предизвици. Ќе работиме до 30 декември, јас имам информации за квалитетот на фудбалерите, меѓутоа сакам уште од самиот почеток добро да се запознаеме и да се адаптираме во работата. Сакам и на тренинзите да ги видам квалитетите на секој поединец и согласно тоа да доведеме и одредени засилувања на неколку позиции. Можам да ветам напорна работа, голема чест ми е што сум дел од Работнички и верувам дека ќе успееме да бидеме многу поуспешни во вториот дел од сезоната“ – изјави новиот стратег на Работнички.

Првиот дел од подготовките ќе биде реализиран во Скопје, а вториот дел од зимските подготовки „романтичарите“ вообичаено ќе ги минат во Анталија, каде ќе одиграат неколку силни контролни средби.