shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз од младата селекција на Македонија на тестот во Охрид

Комбинираниот состав на Работнички загуби со 4-0 од младата фудбалска репрезентација на Македонија до 20 години на пријателскиот натпревар во Охрид. Стрелци за Македонија беа Сефер Емини во првото, односно Емир Скендери, Марио Илиевски и Јован Манев во второто полувреме.

Тренерот Марјанчо Андрески им даде шанса на дел од помладите фудбалери кои треба да се наметнат за пролетниот дел од шампионатот.

Работнички настапи со следниот тим: Николоски, Пановски, Спасовски, Андовски, Кордоба, Ацковски, Јевтоски, Лазаров, Редев, Андрески, Фазлиу. Уште играа: Герасимовски, Мелов, Масевски, Јовановски, Чурлинов, Ајдини, Додевски, Станковски, Костовски, Дишлиески, Имери.