shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Важен триумф над Борец (2-1)

Работнички оствари важна победа над Борец со 2-1 во 16.коло од Првата фудбалска лига. Сега тимот има два бода негатива во однос на Ренова и на Борец, при дното на табелата во македонскиот шампионат.

Работнички беше убедливо подобар ривал на денешниот дуел. Постигна два гола, а уште двапати рамката од голот го спасуваше Борец. Иван Марковиќ уште во првата минута имаше шанса, но шутираше непрецизно. Во шестата минута Јаго Гомез со удар од 18 метри ја погоди гредата од голот на гостите.

Јевтоски во 20.минута упати удар од далечина, но Бурхан Мустафа беше одличен на голот на велешкиот тим. Пет минути подоцна Мустафа беше неверојатен, при ударите на Фазлију, а потоа и на Давид Тошевски. Немања Илиќ во 28.минута се закани со удар од далечина, а голманот на Борец уште еднаш добро интервенираше, како и две минути подоцна по ударот на Иван Марковиќ.

И конечно Работнички стигна до водство во 37.минута. Горан Силјановски испрати центаршут од десната страна, а Давид Тошевски скокна највисоко и со удар со глава ја затресе мрежата на Борец.

Во 60.минута, Виктор Велкоски успеа да зголеми на 2-0. По корнерот од десната страна, дефанзивецот натрча на првиот дирек и ја спроведе топката во мрежата.
Само две минути подоцна, игра со рака во шеснаесетникот на Работнички по што беше досуден пенал за Борец. Успешен реализатор на најстрогата казна беше Никола Прелчец.

Во 78.минута Давид Тошевски откосо од десната страна го погоди дирекот од голот на Бурхан Мустафа, а пет минути подоцна

РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ 2-1 (1-0)

Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Марјан Гоцевски (Струмица). Стрелци: Тошевски 37′, Велкоски 60’ (Работнички), Прелчец 62’ пен. (Борец). Ж. картони: Јевтоски, Илиќ (Работнички), Пеев, Трајков (Борец).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Велковски, Илиќ, Херера, Јевтоски, Стојков, Фазлију (52’ Петковски), Јаго (68’ Борха), Марковиќ, Тошевски (78’ Ацковски).

БОРЕЦ: Мустафа, Ристовски, Стојковски, Ефтимов, Пеев, Николовски (76’ Лазаревиќ), Гавриќ, Коцев (46’ Трајков), Абаз, Христов (46’ Ѓорѓиев), Прелчец.