shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (2-0) од Македонија ЃП во Ѓорче Петров

Работнички го забележа десеттиот пораз оваа сезона во Првата фудбалска лига. Тимот загуби со 2-0 на гостувањето против Македонија ЃП. Стрелци на головите за противникот беа Ален Јашароски во 15.минута и Боби Божиновски во 70.минута од средбата. По ова, Работнички остана на последното место на табелата со 11 освоени бода.

Работнички имаше неколку одлични шанси во првото полувреме и не заслужи негатива. Но, Ален Јашароски во 15.минута одлично се снајде крај Клисура и Илиќ и успеа со одмерен удар да го совлада Шишковски. На спротивната страна, Марковиќ, Шаркоски и во завршницата од првиот дел Тошевски имаа убави можности. Се обиде и Херера, но Македонија ЃП на одморот замина со минимална предност.

Во вториот дел, домаќинот ги затвори приодите кон голот, а Боби Божиновски во 70.минута со удар од 16 метри зголеми на 2-0. Во финишот шанса имаше Фазлију, но Марко Јовановски го одбрани неговиот удар.

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2-0 (1-0)

Стадион во Ѓорче Петров. Судија: Александар Грујоски (Кичево). Стрелци: Јашароски 15’, Божиновски 70’ (Македонија ЃП). Ж. картони: Да Силва, Мишевски (Македонија ЃП), Стојков, Клисура, Шаркоски (Работнички).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Јовановски, Фернандо, Демир, Личина, Воша, Мишевски (83’ Филиповски), Нето, Емини, Божиновски, Да Силва (86’ Карваљо), Јашароски (78’ Блажевски).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Клисура (75’ Велкоски), Илиќ, Херера, Јевтоски, Стојков, Ацковски, Шаркоски, Петковски (58’ Фазлију), Марковиќ (75’ Борха), Тошевски.