shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Александар Грујоски ќе го суди мечот Македонија ЃП – Работнички

Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Работнички во рамките на 15.коло од Првата фудбалска лига ќе се одигра в сабота (23.ноември), со почеток во 13 часот. Одредени се официјалните лица за овој меч.

Главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а ќе му помагаат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Четврти судија е Марјан Стојановски.

За делегат на натпреварот е одреден Алајдин Асани (Градец), а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља (Струга).