shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Андрески: Шкендија е фаворит, но на Работнички му е потребен секој бод

Работнички утре (13 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува актуелниот првак Шкендија во последниот меч од 14.коло во Првата фудбалска лига. Тренерот Марјанчо Андрески ги знае квалитетите на Шкендија, но и верува дека неговиот тим може да одигра квалитетен натпревар и да освои бодови, со оглед на незавидната позиција на табелата.

„Шкендија е фаворит, има искусен состав, актуелен првак е. Но, ние играме на домашен терен и се надеваме дека можеме да се спротивставиме и да освоиме бодови. Нема да биде лесно, но на Работнички секој бод му е потребен и ќе се бориме за секоја топка на утрешниот меч. Доколку бидеме на потребното ниво, мослам дека можеме да оствариме поволен резултат“, вели Марјано Андрески.

Натпреварот меѓу Работнички и Шкендија е закажан за в недела, со почеток во 13 часот, на арената „Тодор Проески“, а ќе го суди Александар Ставрев од Скопје.