shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Убедлив триумф над Пелистер за четвртфинале во Купот

Работнички се пласира во четвртфиналето на Купот на Македонија, откако денеска на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари убедливо го совлада второлигашот Пелистер со 4-0 во реванш мечот од осминафиналната рунда. Првиот натпревар под „Тумбе кафе“ заврши 1-1.

Работнички беше далеку подобар ривал на денешниот меч, а тоа беше и прв триумф под раководство на новиот шеф на стручниот штаб Марјанчо Андрески.

Себастијан Херера од пенал го отвори резултатот во 32.минута и со овој резултат се замина на одмор. Во второто полувреме Работнички беше многу поефикасен. На 2-0 зголеми Иван Марковиќ, третиот гол беше дело на Стефан Јевтоски, а серијата голови ја затвори Давид Тошевски од пенал.