shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мотивирани за дербито со Вардар

Работнички со максимална мотивација и желба за излез од резултатската криза го очекува денешниот натпревар против Вардар на Националната арена „Тодор Проески“. Овие дуели секогаш носат дополнителна возбуда, а бодовите на нашиот тим му се и повеќе од потребни со оглед на позицијата на табелата.

Промената на тренерската позиција не донесе ефект на првиот меч против Шкупи на Чаир, но тимот сепак доби дополнителен импулс кој треба да ефектуира и позитивни резултати во продолжението од првенството. Фудбалерите и стручниот штаб се максимално фокусирани во пресрет на денешниот меч кој е закажан за 13.30 часот.

Главен судија на натпреварот ќе биде Игор Стојчевски, а ќе му помагаат Даниел Василевски и Бранко Путилин. Четврти судија е Дејан Младеновски од Скопје.

За делегат на натпреварот е одреден Зоран Васевски (Виница), а контролор на судењето ќе биде Марјан Ристески (Кичево).