shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Струга Трим Лум, денешен предизвик за Работнички

Работнички во десеттото коло кое е на програмата денеска (14.30 часот) го пречекува тимот на Струга Трим Лум. Составот на Александар Влахо се надева на нови три бода, со кои ќе продолжи таму каде што застана пред репрезентативната пауза со триумфот над Ренова.

Со овој натпревар почнува и вториот круг од првенството, а на самиот старт од сезоната нашиот тим загуби со 2-1 на гостувањето во Струга. Ова е можност да се возврати во пресметка за искачување во горниот дел од табелата во Првата лига.

Тимот на Струга Трим Лум се наоѓа на деветтата позиција со осум бода, Работнички е две места погоре со 10 освоени бода.

Денешниот натпревар е закажан на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 1430 часот, а ќе го суди Јосип Бартон од Скопје.