shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Влахо: Респект за Ренова, но бодовите ни се многу потребни

Работнички ќе ја пречека Ренова во премиерниот меч од деветтото коло во Првата фудбалска лига. Натпреварот е закажан за утре, со почеток во 15 часот на арената „Тодор Проески“ и ќе биде директно пренесуван на регионалниот канал „Спорт Арена“ и на МТВ.

По лошиот старт на првенството, тренерот Александар Влахо верува дека Работнички ќе одигра многу поквалитетно против Ренова и очекува триумф. Бодовите, како што вели, му се многу потребни на тимот.

„Имаме лош старт и се трудиме тоа да го исправиме во од. Играме добро, но реализацијата не е на потребното ниво, а тогаш и бодовите изостануваат. Ренова е квалитетен тим составен од искусни прволигашки фудбалери, но ние едноставно мораме да атакуваме на трите бода. Бодовите ни се многу потребни и ќе сториме се за да ги освоиме“, вели шефот на стручниот штаб Александар Влахо.

Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Стојановски од Кичево, а ќе му помагаат Слаѓан Маркоски (Гостивар) и Ебрар Таравари (Гостивар). Четврти судија е Александар Грујоски (Кичево).