shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Фудбал за сите – пристап за секого: Работнички се грижи за учество на лицата со Даунов синдром во фудбалската игра

Поголема инклузија и еднаква партиципација на лицата со Даунов синдром во фудбалската игра – ова беше пораката што беше испратена денеска пред натпреварот од шестото коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу екипите на Работнички и на Македонија Ѓорче Петров. Децата од Дневниот центар за лица со Даунов синдром од Скопје излегоа на теренот заедно со фудбалерите на Работнички со што беше испратена пораката за еднаквост во спортот.

Нашиот клуб продолжува со активностите во насока на поддршка на тенденциите за вклучување на лицата со попреченост во спортот. ФК Работнички се грижи за лицата со попреченост и во таа насока овие дечиња почнаа да тренираат на терените на Тренинг центарот на ФК Работнички.

„Фудбал за сите – пристап за секого“.