shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мелдин Јусуфи од БиХ е нов член на Работнички

Дополнително подновувајќи го играчкиот кадар за актуелнава сезона, Работнички потпиша договор со крилниот офанзивец од Босна и Херцеговина, Мелдин Јусуфи.

20-годишниот Јусуфи, кој има државјанство на БиХ, и игра на левокрилната офанзивна позиција доаѓа од редовите на Олимпик Сараево. Јусуфи фудбалски потекнува од школата на Железничар, а претходно во својата кариера има настапи и за првиот тим на Железничар.