shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Петар Петковски го обнови договорот со Работнички

Младинскиот репрезентативец Петар Петковски го обнови договорот со Работнички. Тој потпиша нов едногодишен договор со клубот и ќе му биде на располагање на тренерот Александар Влахо во продолжението од шампионатот. Петковски минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во тимот, а раководството успеа да го задржи уште една сезона.

„Среќен сум што ја продолжувам соработката со Работнички. Благодарност до раководството на клубот за разбирањето и за обновената доверба. Верувам дека ќе бележиме многу подобри резултати во периодот што следи. Фокусиран сум максимално на тренинзите и брзо ќе се вратам во потребниот натпреварувачки ритам“, вели Петар Петковски.