shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Игор Стојчевски ќе го суди мечот Работнички – Шкупи, ќе има директен ТВ пренос

Работнички и Шкупи утре, со почеток во 17 часот, ќе го отворат второто коло од Првата фудбалска лига. Од овопј натпревар ќе има директен пренос на МТВ и на Арена Спорт, а одредени се и официјалните лица.

Главен судија на натпреварот ќе биде Игор Стојчевски од Скопје, а ќе му помагаат Даниел Василевски и Бранко Путилин. Четврти судија е Марјан Младеновски (Скопје).

За делегат на натпреварот е одреден Зоран Митковиќ од Куманово, а контролор на судењето ќе биде Делчо Јакимовски (Скопје).