shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички ремизираше (1-1) против Алтин Асир

Работнички одигра 1-1 против Алтин Асир од Туркменистан на четвртиот пријателски натпревар на подготовките во Банско, Бугарија. Погодокот за Работнички на овој меч го постигна Себастијан Херера од слободен удар во 45.минута од натпреварот.

Тренерот Александар Влаго го почна натпреварот со следниот состав: Шишковски, Шаркоски, Клисура, Херера, максимов, Стојков, Ацковски, Марковиќ, Тошевски, Јаго.

Претходно, Работнички го совлада Хапоел Нир Рамат Хашарон со 1-0, ремизираше 2-2 против Хапоел Рамат Ган и загуби од Септември со 1-3.