shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

И Ветераните на Работнички „активни“ во Банско

Првата екипа на Работнички се наоѓа на подготовки во Банско, а со првотимците за Бугарија отпатуваа и ветераните на нашиот клуб.

Покрај поддршката што раководството во овој трансфер-период ја дава за тимот, претседателот Драган Поповски со ветераните на „романтичарите“ издвоија дел од слободното време и за фудбалски меч, потсетувајќи дека се уште се мајстори на оваа игра.