shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Борјан Пановски потпиша професионален договор со Работнички

Уште еден млад и талентиран фудбалер потпиша професионален договор со Работнички. Борјан Пановски е промовиран во сениорскиот тим откако стави потпис на тригодишна верност кон клубот.

Пановски игра на позицијата десен бек и е македонски репрезентативец. Во претстојната сезона ќе добие можност за докажување во сениорскиот состав на Александар Влахо.