shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Виктор Велкоски нов член на Работнички

Ново засилување на Работнички е Виктор Велкоски. 23-годишниот играч за врска потпиша едногодишен договор со нашиот клуб и треба да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред. Тој веќе му е на располагање на шефот на стручниот штаб Александар Влахо.

Виктор Велкоски има 23 години, игра на позицијата дефанзивен играч за врска, а по потреба може да се снајде и во одбранбениот ред. Последните шест месеци ги мина во грчкиот клуб Егиниакос како интернационалец, а претходно беше дел од Вардар, Пелистер, Љубанци и Скопје.