shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Димитар Тодоровски потпиша професионален договор со Работнички

Работнички ја продолжува стратегијата за форсирање на младите фудбалери од академијата на клубот. Прв професионален договор потпиша Димитар Тодоровски. Тој се обврза на тригодишна верност.

Димитар Тодоровски има 17 години, игра во средниот ред и е светла перспектива на клубот. Тој е македонски репрезентативец и оваа сезона добива шанса да се докаже и во сениорска конкуренција.