shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Заврши кампот на Реал Мадрид Фондација Клиник на терените на ФК Работнички (ФОТО)

Кампот на Реал Мадрид Фондација Kлиник на терените на ФК Работнички заврши со доделување на сертификати за учесниците. Пет дена незаборавно дружење и неверојатно фудбалско искуство зачинето со многу забава, но пред се фудбалска обука која ќе значи многу за секој учесник на овој камп.

ФК Работнички беше еден од трите клуба кој преку лиценцираниот партнер во Македонија, „Еуроспорт Арена“, имаше чест да биде ко-организатор на проектот „Реал Мадрид Фондација Клиник“ и се беше заокружено на најдобар начин.