shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Биди „,мадридиста“, пријави се на кампот на ФК Работнички и Real Madrid Foundation Clinic

Фудбалскиот клуб Работнички во соработка со „Еуроспорт Арена“ ќе биде коорганизатор на кампот „Real Madrid Foundation Clinic”, кој од 17 до 21 јуни ќе се одржи во нашиот комплекс во Градски парк. На кампот се добредојдени сите млади фудбалери од академијата на ФК Работнички, кои ќе имаат уникатна и возбудлива можност за специјализирана фудбалска обука од тренери на Реал Мадрид Фондација, во соработка со тренерите од нашиот клуб, кои ќе работат според уникатниот пристап и методите за обука на Реал Мадрид Фондација Клиник. Пријавувањето трае до 10 јуни.

ПЕТДНЕВНА ТРЕНИНГ СЕСИЈА


Тренинг сесиите се меѓу најиновативните во светот и за време на училишните одмори. Можност за учество на девојчиња и момчиња кои имаат љубов кон фудбалот и се на возраст меѓу 7 и 17 години.

Тренинг сесиите ќе се одржуваат од понеделник до петок, од 9 -14 часот.

Десетте тренинзи се креирани од младинската академија на Реал Мадрид. Нашата професионална екипа на квалификувани тренери ќе Ви бидат предизвик и ќе ве охрабрат да ги користите најновите методи на обука.

Петдневните тренинзи се фокусираат на подобрување на личната техника, тактичкото однесување на теренот, завршувањето на целта и когнитивните способности (брзина на дејствување). Обуката во фудбалскиот камп ќе им овозможи на играчите да тренираат како професионален фудбалер, да ги научат најдобрите спортски вредности и да ги развиваат своите вештини.

ПАТУВАМЕ ВО МАДРИД

Тренерите од Шпанија ќе одберат играчи (однесување и вештина) од секој фудбалски камп на Clinic во Македонија и ќе им дадат шанса да присуствуваат на изборниот камп во Шпанија.

Една недела во градот Мадрид, на тренинг комплексот Валдебебас е врвно доживување и еден од најексклузивните настани за млади фудбалери во светот.

СПОРТСКА ОПРЕМА 

Организаторот Еуро Спорт Арена за секој учесник на кампот Clinic ќе обезбеди оригинал спортска опрема од официјалниот партнер Реал Мадрид Фондација која останува во сопственост на учесникот и се состои од: дрес, шорцеви и штуцни.
ФК РАБОТНИЧКИ
Clinic – Скопје
Краен рок за пријавување 10 Јуни 2019

Максимален број на дозволени учесници 100
Дата на одржување:
17.06-21.06.2019
Возраст:
7-17 години
Место каде што родителот треба да го донесе и земе учесникот на кампот.Тренинг центар на ФК Работнички
Цена: 13.700 денари
Пријавете се на следниот линк или јавете се на тел. +389 71 219-191 ; +389 72 222-858