shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми на дерби пресметката со Вардар (1-1)

Работнички ремизираше (1-1) на гостувањето против Вардар на стадионот “Борис Трајковски“ во Маџари во 33. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во израмнет натпревар, со активна агресивна игра на средината од теренот и многу борба, Работнички сосема заслужено поведе со голот на Петар Петковски во 33. минута, кој по корнерот од левата страна убаво на самата гол линија беше програн од Димитровски.

Фудбалерите на нашиот тим во првото полувреме имаа уште неколку обиди за зголемување на предноста, но резултатот остана непроменет.

Вардар многу брзо дојде до израмнување на почетокот од вториот дел. Во 50. минута по проигрувањето од Цветаноски, Дарко Мицевски со шут од 15 метри ниско по земја го совлада голманот Јанков.

Во 67. минута поради втор жолт картон од игра беше исклучен кај Работнички, бугарскиот интернационалец Вијачки, по што следеше влегување во игра на дефанзивецот Стојчевски и со играч помалку неизбежна ориентација кон одбрана на ремито. На крајот и успешно со фудбалер помалку се сведе натпреварот до претходно обезбедената поделба на бодовите.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 1-1 (0-1)

Стадион „Борис Трајковски“ во Маџари, Скопје. Судија: Дејан Јакимовски (Скопје). Стрелци: Мицевски 50′ (Вардар), Петковски 33′ (Работнички). Ж. картони: Цветаноски, Реис Жуниор, Манев (Вардар); Петковски, Вијачки, Димитровски, Шаркоски (Работнички). Ц. картон: Вијачки  67′(Работнички).

ВАРДАР: Гачевски, Брдаровски, Новак (46′ Аврамовски), Манев, Тошевски, Реис Жуниор, Битанг, Мицевски, Фелипе, Цветаноски, Колевски (68′ Лира).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Вијачки, Димитровски, Херера, Петровиќ, Шаркоски, Пеев, Манојан (68′ Стојчевски), Петковски (90′ Гофри), Блажевски (89′ Георгиевски), Илијоски.