shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Петровиќ: Шкендија е фаворит, но време е да одиграме на потребното ниво

Работнички ќе ја пречека Шкендија во 32.коло од Првата фудбалска лига. По трите последовни порази, фудбалерот за врска Милован Петровиќ се надева дека тимот ќе одигра на потребното ниво, иако потенцира дека сепак актуелниот шампион и лидер на табелата оправдано го има фаворитскиот статус.

„Не сме во позиција премногу да зборуваме, треба многу повеќе да покажеме на теренот. Верувам дека е време Работнички да одигра на високо ниво. Шкендија е фаворит, но ние ќе сториме се за да ја прекинеме негативната серија“, вели Милован Петровиќ.

Главен судија на натпреварот е Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат Никола Караколев (Штип) и Кире Ангеловски (Струмица). Четврти судија е Васко Митрев (Струмица). За делегат на натпреварот е одреден Тони Донев (Валандово), а контролор на судењето е Љупчо Мојсоски (Струга).