shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Непријатен пораз (1-2) од Победа во Скопје

Работнички загуби од последнопласираниот тим на Победа со 1-2 на арената „Тоше Проески“ во Скопје, во 30.коло од Првата фудбалска лига. Нашиот тим имаше водство по првиот дел, но дозволи во второто полувреме Победа да постигне два гола и да оствари триумф..

Работнички поведе со голот на Емил Вијачки во 12.минута. Сите мислеа дека тоа ќе биде рутинска задача за тимот на Баже Лазаревски. Но, не беше така.
Пеев во 35.минута се закани со удар од далечина, а пет минути подоцна Чарлс Гофри не реализира одлична шанса шутирајќи непрецизно откосо од десната страна.

На стартот на вториот дел, Баже Илијоски не реализира пенал и потоа дојде пресвртот на Победа.

Го најави Тимовски со одличен удар, но Јанков одбрани. Во 74.минута, Трајче Ефремов ја искористи големата грешка во одбраната на Работнички и израмни на 1-1. Две минути подоцна, Ангелче Тимовски постигна победнички погодок за прилепчани.

Каланоски нафлри од левата страна, Тимовски зафати волеј-удар, топката удри во земја, а потоа откокна и го префрли голманот Ристо Јанков тресејќи ја мрежата.

До крајот, Работнички со сите сили се обиде да стигне барем до реми, но не успеа во тоа.

По 30 одиграни кола, Работнички се наоѓа на шестата позиција на табелата со 39 освоени бода.

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 1-2 (1-0)

Арена „Тоше Проески“ во Скопје. Судија: Александар Грујоски (Кичево). Стрелци: Вијачки 12’ (Работнички), Ефремов 74’, Тимовски 76’ (Победа). Ж. картони: Блажевски, Вијачки (Работнички), Вецески, Карчески, Тимовски, Котевски (Победа).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ѓоргиевски, Вијачки, Борха, Димитровски, Ацковски, Пеев, Манојан (59’ Петковски), Гофри (73’ Петровски), Илијоски, Блажевски (82’ Фазлиу).

ПОБЕДА: Котевски, Тимовски, Јаќимовиќ, Карчески, Вецески, Паноски, Б. Спиркоски, Каланоски, Наумоски (75’ Гешоски), Макота (64’ Ефремов), Трајкоски (88’ Д.Спиркоски).