shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Значаен триумф (1-2) против Ренова во Тетово

Работнички ја совлада Ренова со 1-2 во Тетово и ги врати надежите за излез на европска сцена. Тоа е втор последовен триумф на гости за составот што го предводи Баже Лазаревски. Работнички сега е осамен на четвртото место на табелата со 39 бода, осум помалку од третопласираниот состав на Академија Пандев.

Работнички одигра храбро во Тетово. Уште од самиот старт најави дека е дојден за триумф. Петар Петковски се закани со шут од далечина, но не беше прецизен, а Ристо Јанков беше можеби и херој во победата. Тој одбрани неколку одлични шанси, пред се на Влатко Стојановски во првото полувреме, а во 82.минута го скроти и неговиот удар од 11 метри.

Во првото полувреме немаше голови, но потоа мечот се отвори. Емил Вијачки во 63.минута по корнерот на Петар Петковски донесе водство за Работнички. Тој се најде на петерецот осамен и со удар со нога ја затресе противничката мрежа.

Во 74.минута израмни Ермедин Адем речиси на идентичен начин. Сепак, само две минути подоцна Работнички повторно поведе преку Оливер Пеев.
Петковски шутираше од десетина метри, Ѓуриќ успеа да ја одбие топката, но таа дојде до Оливер Пеев кој постигна погодок.

Во 82.минута, беше досуден сомнителен пенал за Ренова, но Ристо Јанков го одбрани ударот од 11 метри на Влатко Стојановски.

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 1-2 (0-0)

Градски стадион во Тетово. Судија: Марјан Маркоски (Охрид). Стрелци: Адем 74’ (Ренова), Вијачки 63’, Пеев 76’ (Работнички). Ж. картони: Усеини (Ренова), Херера (Работнички).

РЕНОВА: Ѓуриќ, Велија, Садики (46’ Абдула), Адем, Мишковски, Усеини, Зука, Гафури (46’ Нухиу), Рамадани, Мбела (59’ Мустафов), Стојановски.

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ѓоргиевски, Вијачки, Димитровски, Херера, Петровиќ, Пеев, Ацковски, Манојан (59’ Фазлиу), Петковски (86’ Петровски), Илијоски (90’ Симоновски).