shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Дејан Јакимовски ќе го суди мечот Шкупи – Работнички

Работнички в недела гостува на Чаир и ќе ги одмери силите со тимот на Шкупи. Натпреварот ќе се одигра со почеток во 15.30 часот, а одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на мечот е Дејан Јакимовски, а ќе му помагаат Дејан Димитријевиќ и Даниел Василевски. Четврти судија е Никола Божиновски.

За делегат на натпреварот е одреден Мујдин Исмаили од Тетово, а контролор на судењето ќе биде Ванчо Коцев од Штип.