shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

ФК Работнички склучи соработка за организација на камп „Реал Мадрид Клиник“

Фудбалскиот клуб Работнички потпиша договор за соработка со Реал Мадрид Фондација и организација на фудбалски камп Реал Мадрид Фондација Клиник од 17. до 21. јуни во тренинг базата на нашиот клуб. Ова ќе биде прекрасна можност за младите фудбалери од академијата на ФК Работнички да бидат дел од „кралското друштво“.

Фудбалските кампови на Реал Мадрид Фондација Клиник нудат уникатна и возбудлива можност да се доживее специјализирана фудбалска обука, доведувајќи ги нивните експертски тренери од најуспешниот светски фудбалски тим.

„Среќни сме што отпочнуваме соработка со Реал Мадрид Фондација и што младинската академија на ФК Работнички ќе биде дел од проектот во Македонија. Младите фудбалери ќе добијат фантастична можност да ги подобрат фудбалските вештини според принципите на Реал Мадрид Фондација Клиник. Тренерскиоот тим на академијата на ФК Работнички ќе работи според уникатниот пристап и методите за обука на Реал Мадрид Фондација Клиник и ќе има можност за големо усовршување. Се надеваме дека соработката ќе биде долготрајна и успешна“, вели спортскиот директор на ФК Работнички, Иван Поповски.

Програмата на Реал Мадрид Фондација Клиник ќе се реализира во соработка со лиценцираниот партнер „Еуро спорт Арена“, кој досега организираше два кампа Real Madrid Campus Experience.

„Чест ни е што имаме можност да одиме едно скалило погоре и во Македонија да реализираме и проект со фудбалските клубови и школи, според принципот на Реал Мадрид Фондација Клиник. Веруваме дека тоа ќе биде незаборавно искуство за сите, а најголема добивка ќе имаат токму клубовите, нивните младински академии и сите учесници на камповите“, вели Влатко Тодев, првиот човек на „Еуро Спорт Арена“, лиценцираниот партнер на Реал Мадрид Фондација Клиник.

ПЕТДНЕВНА ТРЕНИНГ СЕСИЈА

Тренинг сесиите се меѓу најиновативните во светот и за време на училишните одмори. Можност за учество имаат членовите на младинската академија на ФК Работнички, но исто така кампот е отворен и сите девојчиња и момчиња кои имаат љубов кон фудбалот и се на возраст меѓу 7 и 17 години.

Тренинг сесиите ќе се одржат од 17. до 21.јуни (од понеделник до петок, од 9 -14 часот). Десетте тренинзи се креирани од младинската академија на Реал Мадрид. Петдневните тренинзи се фокусираат на подобрување на личната техника, тактичкото однесување на теренот, завршувањето на целта и когнитивните способности (брзина на дејствување). Обуката во фудбалскиот камп ќе им овозможи на играчите да тренираат како професионален фудбалер, да ги научат најдобрите спортски вредности и да ги развиваат своите вештини.

ПАТУВАМЕ ВО МАДРИД

Еуро Спорт Арена и тренерите од Шпанија ќе ги одбераат најдобрите играчи (однесување и вештина) од секој фудбалски камп на Clinic во Македонија и ќе им дадат шанса да присуствуваат на изборниот камп на Реал Мадрид во Шпанија.

Една недела во градот Мадрид, на тренинг комплексот Валдебебас е врвно доживување и еден од најексклузивните настани за млади фудбалери во светот.

СПОРТСКА ОПРЕМА

Организаторот за секој учесник на кампот Clinic ќе обезбеди оригинал спортска опрема од официјалниот партнер Реал Мадрид фондација која останува во сопственост на учесникот и се состои од: дрес, шорц и штуцни. Нашиот партнер Иуте Кредит за секој учесник ќе обезбеди ранче и капа.

МОЖНОСТ ЗА УЧЕСТВО НА 8 РАТИ

0% камата и намалена провизија

По повод партнерството помеѓу Иуте Кредит и Еуро Спорт Арена, Иуте Кредит подготви поволни услови за сите корисници кои ќе аплицираат за учество на фудбалскиот камп на Real Madrid Foundation Clinic. За сите апликации за учество на кампот и период на отплата до 8 месеци ќе важат услови како што се 0% камата и намалена провизија.

Цената за учество на кампот на Реал Мадрид Фондација Клиник во соработка со ФК Работнички изнесува 13.700 денари. Заинтересираните можат да аплицираат на следниот линк