shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Лазаревски: Одиме на триумф против Беласица

Работнички ја пречекува Беласица во 26.коло од Првата фудбалска лига. Натпреварот се игра денеска (15.30 часот) на нашиот најголем стадион, а шефот на стручниот штаб Баже Лазаревски очекува тимот да се движи во позитивна насока и да атакува на триумф против струмичкиот прволигаш.

„Тимот се консолидира по неуспесите, ремизиравме против Македонија ЃП во Ѓорче Петров во минатото коло, а сега посакуваме да одиме напред и да оствариме триумф против Беласица. Играме на домашен терен и ќе сториме се за да ги освоиме трите бода. Го респектираме противникот максимално, но овој Работнички има квалитет и тоа ќе го докаже на натпреварите што претстојат“, вели Баже Лазаревски.

Главен судија на денешниот натпревар ќе биде Марјан Ецковски од Охрид.