shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Марјан Ецкоски ќе го суди мечот Работнички – Беласица

Работнички в среда, со почеток во 15.30 часот, ќе ја пречека Беласица во 26.коло од Првата фудбалска лига. Натпреварот ќе се одигра на арената „Филип Втори“, а одредени се официјалните лица за овој дуел.

Главен судија на мечот е Марјан Ецкоски (Охрид), а ќе му помагаат Симон Грданоски (Струга) и Лазе Чакарески (Струга). Четврти судија е Албрим Шаќири (Струга).

За делегат на натпреварот е одреден Сулејман Ибиши (Тетово), а контролор на судењето ќе биде Љубе Ристевски (Демир Хисар).