shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Жикица Тасевски поднесе неотповиклива оставка

По поразот од Вардар, шефот на стручниот штаб Жикица Тасевски поднесе неотповиклива оставка. Тоа е трет пораз во низа за нашиот тим, а Тасевски ја презеде одговорноста поради слабите резултати.

„Поднесов неотповиклива оставка поради за мене неприфатливата ситуација во која се наоѓа мојот клуб. Работев, посветено, искрено секогаш подготвен за стручна анализа и одговорност за сопствените дела. Резултатски не бевме најдобри тоа треба да го признаеме, а кој го познава денешниот фудбалски поредок тоа секако ќе го разбере. Сакам да се заблагодарам на претседателот Драган Поповски и на директорот Иван Поповски за довербата и условите за работа кои ни беа овозможени. Им посакувам на сите во клубот многу среќа во продолжението на првенството. Ќе бидам најсреќен ако моето заминување биде пресвртница кон нови успеси достојни за клуб каков што е Работнички!“, изјави Жикица Тасевски.