shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тасевски: Вардар секогаш е голем предизвик, бодовите ни се многу потребни

Работнички утре на арената „Филип Втори“ го пречекува Вардар во 24.коло од Првата фудбалска лига. Натпреварот ќе се одигра со почеток во 14.30 часот, а шефот на стручниот штаб Жикица Тасевски вели дека тимот е подготвен за предизвикот.

По паузата поради репрезентативните настапи, се враќа на сцена македонскиот шампионат, а дербито со Вардар е од големо бодовно значење.

„Натпреварите со Вардар секогаш носат посебна возбуда, актерите на двете екипи имаат посебна испирација. Работевме напорно за време на паузата поради репрезентативни настапи, ги анализиравме грешките, се обидовме да корегираме нешто во играта и се надевам дека ќе се прикажеме во многу подобро издание. По лошиот старт на пролетната полусезона, бодовите ни се потребни како леб. Но, и Вардар си има свои планови, и секако ќе биде тоа еден тежок и неизвесен дуел. Посакувам на крајот ние да се радуваме на триумф“, вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.

Главен судија на натпреварот меѓу Работнички и Вардар е интернационалецот Александар Ставрев.